Нешто што мора да се има.

Во споредба со својот успешен претходник, новата Fabia се претставува со уште позрел дизајн и повозрасни надворешни мерки, кои не одат на штета на подвижноста и задоволството во возењето. Во внатрешноста Fabia е вистинско чудо на просторот, во кој секој патник ужива во неочекуваното чувство на широкоградност. Добриот дизајн на Fabia го привлекува вниманието на сите. Тој е дел на вашиот модерен и самостоен начин на живеење. Имајте го и уживајте во убавата страна на животот.

Новото лице.

Маркантен преден дел, динамична линија, спортски детали - сето тоа го определува карактерот на автомобилот, кој се спротиставува на визуелната едноличност. Предниот дел на новата генерација на Fabia е силно истакнат со новодизајнираниот браник и фино изработената решетка за ладење. Хоризонталната линиска изведба дава оптичка широчина.

Експресивен.

Главните фарови во облик на бадеми се широко повлечени наназад и му даваат на возилото индивидуален, супериорен изглед. Би-халогенските фарови располагаат со дополнителни рефлекторски фарови во внатрешниот дел. Вкупно поголемата површина на осветлување овозможува подобро осветлување на патот.

Самосвесен поглед.

Динамичните фарови за магла нудат и функционална предност: интегрирано светло за дневно возење.

Непогрешливо Škoda.

Задните светла се маркантен препознатлив знак на прегледот одзади. Тие се дизајнирани така што возилото дури и во темнина и лоши временски услови е добро видливо. Задните светла укажуваат на типичната C-форма на Škoda.

Дрско, подрско - Fabia.

За да му се даде израз на твојот индивидуален стил, можеш да избираш помеѓу многубројните надворешни бои и фелни. За непогрешлив изглед се грижат дизајн-елементите како сребрено или бело лакираниот покрив.