Иновативна техника.

Модерната технологија на мотори гарантира динамично возење и голема економичност. Сосема скронмите потрошувачки вредности на Fabia ја поштедуваат околината и твојот буџет. Позади секој таков мал детаљ на твојата Fabia се крие зрела технологија. Гарантирана перфектна функционалност и солидна моќност. Техниката кај Škoda има одлучувачка предност, како што докажува динамичното светло за кривини: и тоа мисли заедно со тебе.

Силен бензинец.

Fabia како бензинец е достапна во четири изведби на моторот. Можеш да бираш помеѓу поволните 1.2 l HTP мотори со 60 КС одн. 70 КС или моторите со директно вбризгување и силен вртежен момент 1.2 l TSI со 86 КС или 105 КС. Сите мотори на новата генерација на Fabia го исполнуваат стандардот за издувни гасови EУ5. Тие се издвојуваат со висока флексибилност, ниско ниво на шумови и висока економичност.

Штедлив дизел мотор.

Дизел моторите особено убедуваат со своето тивко работење и нивната економичност. Зависно од потребата можеш да избереш помеѓу трите 1.6 l TDI агрегати со 75 КС, 90 КС или 105 КС. Сите дизел мотори располагаат со модерен систем на вбризгување Common Rail и сериски филтер за дизел честички.

Менување степени и управување.

Сите мотори можат да се комбинираат со механички рачен менувач со 5 степени. Автоматскиот менувач со двојна спојка со 7 степени ексклузивно наменет за моторот 1.2 TSI/105 КС гарантира пријатно и динамично возење со поволна потрошувачка на гориво.

Јас го гледам она што ти не го гледаш...

За Fabia е достапно и динамично светло за кривини. Благодарение на интегрираниот модул на центрирање ќе видиш повеќе, бидејќи фаровите во криивини го следат твоето движење на управувачот. Твојот пат е за околу 60 % подобро осветлен. А преку ден фаровите пленат со својот елегантен изглед.

... дури и веднаш зад аголот.

Светлото за свртување интегрирано во гаровите за магла е логичка помош при свртувањето во неосветлени улици или при паркирање во темно. Тоа дополнително го осветлува пределот странично на обичниот светлосен сноп на фарот. Притоа при трепкање или одреден агол на свртување на управувачот налево или надесно автоматски се активира конкретниот фар за магла.