Довербата мора да се заслужи.
Таа ја заслужи Вашата доверба, а и во иднина нема да Ве разочара. За нас се подразбира овозможувањето на уште поголема безбедност со Octavia со помош на мноштво технички иновации. Најпосле, ние сакаме Вие и Вашите сакани и во иднина да се чувствувате сè поубаво при патувањето.
Добро заштитени.
Воздушното перниче за возачот и совозачот, како и страничните воздушни перничиња на крилата на потпирачите на предните седишта даваат ефикасна заштита. Безбедноста на патниците се обезбедува со прогресивно еластични судирни зони во предниот и задниот дел со исклучително цврста и тврда патничка кабина. Вратите располагаат со трикратно странично зацврстување. Се разбира, задните седишта се опремени со потпирачи за глава и триетапни сигурносни појаси.
Во случај на незгода односно целосно сопирање, трепкачите автоматски се активираат, се вклучува внатрешното осветлување и се отклучува евентуално заклучената централна брава. Пумпата за гориво веднаш се затвора.
Заштита на главата.
Воздушните перничиња за глава по нивното активирање го покриваат пределот на страничниот прозорец од предниот A до задниот C столб и на тој начин ги заштитуваат патниците.
Безбедност за Вашето дете.
Доколку патувате со дете, ќе ја цените можноста безбедно да го сместите Вашето дете во детско седиште на совозачкото место. Деактивирањето на воздушното перниче за совозачот се врши со контакт клучот во фиоката за ракавици. И задната клупа е соодветна за безбедно сместување на Вашите деца: на надворешните задни седишта сериски се наоѓаат две ISOFIX прицврстувачи за детски седишта. Кај овој систем, рачките за прицврстување се цврсто поврзани со каросеријата на возилото и се безбедно покриени со навлаките на седиштата. Тука ќе најдете детални информации во врска со детските седишта.
Што се WOKS потпирачи за глава?
Специјалните потпирачи за глава напред се дел обележјата на новата опрема на Octavia. Во случај на незгода, тие ги заштитуваат вратните пршлени од рбетниот столб на посебно ефективен начин. WOKS потпирачите за глава (Whiplash optimierte Kopfstützen = потпирачи за глава оптимирани за заштита од повреди на вратот) заштитуваат од трауми на вратниот дел. Со помош на новата форма на потпирачите за глава, вратните пршлени на рбетниот столб на патниците на предните седишта се заштитени во случај на судир одзади.