Практично.
Динамичната форма на Praktik го има она што го ветува: задоволство при возењето во комбинација со практичните употребливи карактеристики.
Бесконечните широчини на просторот за товарење.
Волуменот на товарот од 1.900 литри и дополнителениот товар до околу 640 kg виртуелно Ве покануваат Praktik да го натоварите со големи кутии, алат и материјали. Подот за товарење од стабилен метал е опремен со нелизгава површина. Задните светла се сместени во горниот предел на задниот дел и со тоа нудат не само визуелна туку и практична предност: со екстра широката задна врата можете брзо да товарите и растоварите товар и над еден метар ширина.
Две функциски површини.
Попречната преграда не само што го дели Praktik на областите задоволство при возењето и корист, туку во прва линија го штити просторот за патниците од можни опасности, кои може да настанат поради товарот.