Безбедност и доверба.

Автомобилот не е само превозно средство. Поточно кажану нему му го доверуваш она што тебе ти е најважно, она што ти го имаш: твојата фамилија, твоите пријатели, твојот живот. Затоа кај Škoda на тема безбедност има само еден одговор: без компромиси!

Roomster е сигурен со 5 ѕвездички.

При Euro-NCAP-Crashtest Roomster беше назначен за својата оптимална заштита на патниците од удар и добиот севкупен сигурносен концепт со сите пет максимално достижни ѕвездички. Исто така и за заштита на пешаци е напред и на тестирањата за детска заштита ги даде најдобрите резултати, што дотогаш биле достигнати од Van. Извондредниот тест-резултат докажува: Roomster припаѓа на најбезбедните Kompaktvans, кои се моментално на пазарот.

ESP за сите - Škoda безбедносна иницијатива.

Во Škoda не си само заштитен од сообраќајна незгода, многу поважно: Ни најпрво се грижиме ништо да не се случи. Програма за контрола на пролизгување ESP и многу други електронски помагала ти помагаат, во динамични ситуации на возење да ја одржите контролата. Дел од сериска опрема во секоја нова Škoda. Затоа што животот не тече по права линија.

Добро заштитени.

Воздушното перниче за возачот и совозачот, како и страничните воздушни перничиња на крилата на потпирачите на предните седишта даваат ефикасна заштита. Безбедноста на патниците се обезбедува со прогресивно еластични судирни зони во предниот и задниот дел со исклучително цврста и тврда патничка кабина. Вратите располагаат со трикратно странично зацврстување. Се разбира, задните седишта се опремени со потпирачи за глава и триетапни сигурносни појаси.

Заштита на главата.

Воздушните перничиња за глава по нивното активирање го покриваат пределот на страничниот прозорец од предниот A до задниот C столб и на тој начин ги заштитуваат патниците.

Безбедност за Вашето дете.

Доколку патувате со дете, ќе ја цените можноста безбедно да го сместите Вашето дете во детско седиште на совозачкото место. Деактивирањето на воздушното перниче за совозачот се врши со контакт клучот во фиоката за ракавици. И задната клупа е соодветна за безбедно сместување на Вашите деца: на надворешните задни седишта сериски се наоѓаат две ISOFIX прицврстувачи за детски седишта. Кај овој систем, рачките за прицврстување се цврсто поврзани со каросеријата на возилото и се безбедно покриени со навлаките на седиштата. Тука ќе најдете детални информации во врска со детските седишта.

Систем за контрола на притисокот TPM.

За постојана контрола на притисокот во гумите се грижи ТРМ системот (Tyre Pressure Monitoring). ABS-сензорите го регистрираат намалувањето на вртежите на недоволно напумпаната гума. Контролната сијаличка на инструментната табла веднаш го регистрира овој дефект.