Кога се вреднува моќноста.
Најмодерната моторна технологија наложува динамични возни задоволства во пар со повисока ефективност. Модерните вредности на употреба на новиот Roomster ги чуваат околината и твојот буџет. Зад секој дури и најмал детал на твојот Roomsterсе крие созреана технологија. Тоа гарантира совршена функционалност и солиден перформанс. Техниката кај Škoda има одлучувачка предност, како што докажува динамичното светло за кривини.
Бензинец со полна сила.
Roomster како бензинец е можен во три варијанти на мотор. Имаш избор меѓу поволниот 1.2 l HTP мотори со 70 PS или 1.2 l TSI директниот вбризгувач со 86 PS или 105 PS. Сите Roomster мотори ги исполнуваат нормите за гас EU5. Означени се со висока флексибилност, ниско ниво на звучност и високи перформанси.
Штедлив дизел.
Дизел моторите особено задоволуваат сонивната тивкост на работење и нивниот перформанс. Сите TDI агрегати имаат модерен систем за вбризгвање Common Rail и стандардни дизел честики за филтер.
Менување степени.
Сите мотори се со механички уред за менување брзини со 5 степени. Ексклузивно за моторот 1.2 TSI/105 PS новиот автоматски менувач DSG со 7 степени гарантира пријатно и динамично возење со најповолна потрошувачка на гориво.
Гледам, гледам, она што ти не гледаш...
Новиот Roomster содржи динамично светло за кривини. Благодарејќи на вградениот ротирачки модул попрегледно гледаш, бидејќи фаровите ги следат кривините на твоето движење на воланот. Твојот пат е за 60 % подобро осветлен. А со текот на деновите фаровите освојуваат со нивниот елегантен изглед.
... дури и од аголот.
Светло за свртување вгадено во фаровите за магла е од голема помош при вртење во неосветлени улички или при паркирање во темница. Дополнително го осветлува и пределот странично од нормалните фарови. При тоа при трепкање или одредено нагло вртење налево или надесно автоматски се активира фарот за магла.