Superb - Елегантен и практичен.

Оваквото именување за Škoda не претставува случајност. Superb во англискиот јазик значи единствен, исклучителен, а во францускиот горд или самоуверен. Тоа се се пристојни синоними за возило кое го зацврстува враќањето на Škoda меѓу автомобилите од високата класа. Впрочем, веќе во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век, Škoda произведуваше лични возила од големи димензии со силни мотори. Веќе тогаш лимузините на Škoda беа познати по своето високо техничко ниво.