Дополнителна опрема за Superb.
Систем на прилагодливо предно светло AFS
Активната безбедност како и комфорот на возачот е зголемена со би-ксенонските фарови со AFS функција.
Доколку AFS е влучен, тоа функционира во различни модуси:
- Мод на градско возење
- Мод на меѓуградско возење
- Мод за возење на автопат
- Светло за свртување
- Светло за свртување
- Динамично светло за кривини
2-зонски клима-уред Climatronic
2-зонскиот клима-уред Climatronic со електронско регулирање нуди максимален комфор во текот на патувањето: саканата температура се поставува индивидуално за левата и десната страна на возилото и автоматски се одржува. Исто така и интензитетот и правецот на воздушното струење автоматски се регулираат. Сериска опрема со амбиција и елеганција.
Алармен уред
Составен дел на алармниот уред е системот за контрола на внатрешниот простор кој се деактивира преку копче.
Спојка за приколка
Спојката за приколката е мобилна и нуди оптоварување на приколката до околу 2.000 kg. Детали кај Вашиот Škoda сервис.
Електрично собирање на надворешните ретровизори со точки за влегување во возилото
Во тесни подземни гаражи или места за паркирање, надворешните ретровизори може електрично да се соберат со далечински управувач. Дополнително, надворешните ретровизори на долната страна располагаат со осветлување за попрегледно излегување од возилото на пр. во услови на дожд.
Директен рачен менувач со двојна спојка DSG
Автоматскиот менувач со двојна спојка со 7 степени е единствена техничка иновација за варијантата на моторот 1.8 l TSI 160 КС. Благодарение на седмиот степен кај овој рачен менувач со двојна спојка можно е понежно менување на степени и со тоа максимално искористување на потенцијалот на вртежниот момент на моторот. Финото и притоа брзо менување степени не води само кон задоволство при возењето, туку и кон особено штедлива потрошувачка на гориво. Ова е имено карактеристично за сите понудени варијанти на мотори.
Електрично предно седиште со меморија
Благодарејќи на функцијата за меморија електричното седиште можете да ја меморирате поставеноста, три конфигурации за седиштето и ретровизорите и да ги активирате во моментот кога ќе влезете во автомобилот. На тој начин различни возачи веднаш ќе можат да ја наместат својата најдобра положба.
Уред за разговор со слободни раце со Bluetooth
Уредот за разговор со слободни раце со Bluetooth II и конзолата овозможуваат полнење на мобилниот телефон со помош на дополнително добиениот адаптер за мобилен телефон. Во однос на достапноста на адаптерот за Вашиот мобилен телефон распрашајте се во Вашиот Škoda сервис.
Уред за разговор со слободни раце Bluetooth Premium
Обем на испорака:
- Mикрофон во внатрешниот дел на покривот
- Функција звучници преку сериски звучници
- Приказ на телефонскиот именик на Maxi-DOT дисплеј (можно или не е можно зависно од типот на мобилниот телефон)
Уредот за разговор со слободни раце може да се нарача или заедно со радио систем или со радио-навигациски систем. Може да се комбинира со повеќефункциски управувач за користење на радиото и телефонот. Врз основа на постојано усовршување на мобилните уреди може да дојде до функциски ограничувања (на пр. телефонскиот именик не се прикажува на Maxi-DOT). Неопходна е проверка на компатибилноста. Детали кај Вашиот Škoda сервис.
Ентериер од кожни Alcantara седишта
Комфорните седишта се изработени од комбинација од кожа/вештачка кожа и Alcantarа. Формата на седиштата нуди оптимално странично задржување на телото.
Ентериер од кожа "Glamour"
Комфорните седишта се изработени од кожа одн. вештачка кожа во боја на слонова коска. Седиштата нудат оптимално задржење на телото.
Кожен управувач.
Кожниот управувач е достапен во спортска изведба со 3 краци. Кај оваа опција исто така достапни се и менувач со копче и рачка на рачна сопирачка во кожа.
Повеќефункциски управувач со три крака за радио и телефон
Повеќефункцискиот управувач за радио и телефон овозможува користење на најважните функции на радиото и телефонот. Заедно со DSG менувачот, тој дозволува менување на степените директно од управувачот.
Помош при паркирање.
Вашиот Superb самостојно паркира во паркирното место. Притиснете го копчето, одберете степен на возење назад и додавајте на гас и на кочница. Управувањето го превзема Superb .
Радио уред Bolero.
Музичкиот систем Bolero е опремен со AM/FM радио со радио податочен систем и системи за сообраќајна програма, дуална антена за извонреден прием, CD менувач со шест прегради и засилувач (4 x 20 W). Дисплејот ги прикажува и поставувањата на клима уредот Climatronic и на сензорите за паркирање. Освен тоа, тој нуди дисплеј со 6,5" екран на допир во боја, читач на картички за SD и MMC картички и многу друго.
Радио ДВД навигација "Columbus".
Радио ДВД навигацискиот систем Columbus е висококвалитетен производ со низа интересни функции. Тој ртасполага со 6,5" дисплеј со екран на допир со висока резолуција, навигациско ДВД за западна Европа, интегриран читач на SD картички и многу друго. Хард дискот нуди 30 GB мемориски капацитет за навигациски податоци и музички датотеки во MP3 или WMA формат. Уредот овозможува и Offroad навигација, т.е. можете да меморирате рути вон дигитализираната патна мрежа, на пр. теренски патишта
Менување степени на управувачот
Со помош на прекинувачите на повеќефункцискиот управувач со 3 краци, степените на автоматскиот менувач може директно да се менуваат на управувачот.
Лизгачки и издигнувачки покрив со соларни ќелии
Електричниот соларен лизгачки покрив со интегрирани соларни ќелии го снабдува вентилаторот со електрична енергија. Константното циркулирање на воздухот ја намалува температурата во внатрешноста на возилото и со тоа климата во Вашиот нов Superb останува пријатна и по подолго паркирање на сонце. Возачот на тој начин во секое време влегува во возилото со поднослива температура.
Во понуда е и електричен стаклен лизгачки покрив. Неговото специјално тонирано стакло штити од сончевото зрачење и истовремено овозможува слободен поглед кон небото. Двете варијанти на лизгачки покриви може да се заклучуваат однадвор преку централната брава.
Странични воздушни перничиња позади
Страничните воздушни перничиња напред ги штитат карлицата и градниот кош. Исто така уште еден новитет – страничните воздушни перничиња позади, кои се наоѓаат на страната на задните седишта помеѓу потпирачот и вратата.
Ролетна за заштита од сонце
Механичката ролетна за заштита од сонце и практичната ролетна за задното стакло ги штитат патниците позади од сонцето и се грижат за тоа во внатрешноста на Superb да биде пријатно свежо и во лето.
Музички систем
Музичкиот систем со десетканален појачувач, дигитален еквилајзер и десет звучници во Вашиот нов Superb Ви овозможува уживање како во концертна сала. Музичкиот систем е достапен во комбинација со музичкиот систем Bolero или со радио-навигациски систем.