Дополнителна опрема за Superb Combi.
Електричен панорама-стаклен лизгачки кров
Електричниот панорама-стаклен лизгачки кров овозможува како при затворена така и при отворена позиција впечатлив поглед кон небото. Стаклото е тонирано, така што светлината и топлината умерено навлегуваат во внатрешниот простор на возилото.
Задна врата со електрична брава
Електричното затворање на задната врата Ви овозможува да ја активирате задната врата со притискање на копче. Горната позиција на вратата може да се прилагоди индивидуално. На пример, доколу просторот во гаражата е тесен.
Под на багажниот простор со интегрирани алуминиумски лајсни и елементи за затегнување
Благодарение на променливиот под за товарење со алуминиумнски шини и систем за прицврстување на товарот, Вашите предмети за транспортирање можете безбедно да ги фиксирате.
Систем на прилагодливо предно светло AFS
Активната безбедност како и комфорот на возачот е зголемена со би-ксенонските фарови со AFS функција.
Доколку AFS е влучен, тоа функционира во различни модуси:
- Мод на градско возење
- Мод на меѓуградско возење
- Мод за возење на автопат
- Светло за свртување
- Светло за свртување
- Динамично светло за кривини
Мрежна преграда.
Мрежната преграда не создава само јасна поделба на просторот за багажот и патниците, туку и ги штити патниците при силно сопирање од недоволно прицврстениот товар. При спуштени/подигнати задни седишта мрежната преграда може да се постави и директно позади седиштето на возачот и совозачот.
Сребрено анодирани кровни шини
Сребрено анодираните кровни шини важат како декоративен елемент особено во комбинација со темна боја на возилото.
2-зонски клима-уред Climatronic
2-зонскиот клима-уред Climatronic со електронско регулирање нуди максимален комфор во текот на патувањето: саканата температура се поставува индивидуално за левата и десната страна на возилото и автоматски се одржува. Исто така и интензитетот и правецот на воздушното струење автоматски се регулираат. Сериска опрема со амбиција и елеганција.
Алармен уред
Составен дел на алармниот уред е системот за контрола на внатрешниот простор кој се деактивира преку копче.
Електрично собирање на надворешните ретровизори со точки за влегување во возилото
Во тесни подземни гаражи или места за паркирање, надворешните ретровизори може електрично да се соберат со далечински управувач. Дополнително, надворешните ретровизори на долната страна располагаат со осветлување за попрегледно излегување од возилото на пр. во услови на дожд.
Спојка за приколка
Спојката за приколката е мобилна и нуди оптоварување на приколката до околу 2.000 kg. Детали кај Вашиот Škoda сервис.
Директен рачен менувач со двојна спојка DSG
Автоматскиот менувач со двојна спојка со 7 степени е единствена техничка иновација за варијантата на моторот 1.8 l TSI 160 КС. Благодарение на седмиот степен кај овој рачен менувач со двојна спојка можно е понежно менување на степени и со тоа максимално искористување на потенцијалот на вртежниот момент на моторот. Финото и притоа брзо менување степени не води само кон задоволство при возењето, туку и кон особено штедлива потрошувачка на гориво. Ова е имено карактеристично за сите понудени варијанти на мотори.
Електрично предно седиште со меморија
Благодарејќи на функцијата за меморија електричното седиште можете да ја меморирате поставеноста, три конфигурации за седиштето и ретровизорите и да ги активирате во моментот кога ќе влезете во автомобилот. На тој начин различни возачи веднаш ќе можат да ја наместат својата најдобра положба.
Уред за разговор со слободни раце со Bluetooth
Уредот за разговор со слободни раце со Bluetooth II и конзолата овозможуваат полнење на мобилниот телефон со помош на дополнително добиениот адаптер за мобилен телефон. Во однос на достапноста на адаптерот за Вашиот мобилен телефон распрашајте се во Вашиот Škoda сервис.
Уред за разговор со слободни раце Bluetooth Premium
Обем на испорака:
- Mикрофон во внатрешниот дел на покривот
- Функција звучници преку сериски звучници
- Приказ на телефонскиот именик на Maxi-DOT дисплеј (можно или не е можно зависно од типот на мобилниот телефон)
Уредот за разговор со слободни раце може да се нарача или заедно со радио систем или со радио-навигациски систем. Може да се комбинира со повеќефункциски управувач за користење на радиото и телефонот. Врз основа на постојано усовршување на мобилните уреди може да дојде до функциски ограничувања (на пр. телефонскиот именик не се прикажува на Maxi-DOT). Неопходна е проверка на компатибилноста. Детали кај Вашиот Škoda сервис.
Ентериер од кожни Alcantara седишта
Комфорните седишта се изработени од комбинација од кожа/вештачка кожа и Alcantarа. Формата на седиштата нуди оптимално странично задржување на телото.
Ентериер од кожа "Glamour"
Комфорните седишта се изработени од кожа одн. вештачка кожа во боја на слонова коска. Седиштата нудат оптимално задржење на телото.
Кожен управувач.
Кожниот управувач е достапен во спортска изведба со 3 краци. Кај оваа опција исто така достапни се и менувач со копче и рачка на рачна сопирачка во кожа.
Повеќефункциски управувач со три крака за радио и телефон
Повеќефункцискиот управувач за радио и телефон овозможува користење на најважните функции на радиото и телефонот. Заедно со DSG менувачот, тој дозволува менување на степените директно од управувачот.
Помош при паркирање.
Вашиот Superb самостојно паркира во паркирното место. Притиснете го копчето, одберете степен на возење назад и додавајте на гас и на кочница. Управувањето го превзема Superb .
Радио уред Bolero.
Музичкиот систем Bolero е опремен со AM/FM радио со радио податочен систем и системи за сообраќајна програма, дуална антена за извонреден прием, CD менувач со шест прегради и засилувач (4 x 20 W). Дисплејот ги прикажува и поставувањата на клима уредот Climatronic и на сензорите за паркирање. Освен тоа, тој нуди дисплеј со 6,5" екран на допир во боја, читач на картички за SD и MMC картички и многу друго.
Радио ДВД навигација "Columbus".
Радио ДВД навигацискиот систем Columbus е висококвалитетен производ со низа интересни функции. Тој ртасполага со 6,5" дисплеј со екран на допир со висока резолуција, навигациско ДВД за западна Европа, интегриран читач на SD картички и многу друго. Хард дискот нуди 30 GB мемориски капацитет за навигациски податоци и музички датотеки во MP3 или WMA формат. Уредот овозможува и Offroad навигација, т.е. можете да меморирате рути вон дигитализираната патна мрежа, на пр. теренски патишта
Менување степени на управувачот
Со помош на прекинувачите на повеќефункцискиот управувач со 3 краци, степените на автоматскиот менувач може директно да се менуваат на управувачот.
Ladeboden variabel und ausschiebar
Der variable Ladeboden kann herausgezogen werden, um leichter an Gepäck im hinteren Fahrzeugteil zu gelangen.
Странични воздушни перничиња позади
Страничните воздушни перничиња напред ги штитат карлицата и градниот кош. Исто така уште еден новитет – страничните воздушни перничиња позади, кои се наоѓаат на страната на задните седишта помеѓу потпирачот и вратата.
Ролетна за заштита од сонце
Механичката ролетна за заштита од сонце и практичната ролетна за задното стакло ги штитат патниците позади од сонцето и се грижат за тоа во внатрешноста на Superb да биде пријатно свежо и во лето.