Екстраваганција, која се среќава со возните перформанси.

Она што се чини како голем контраст, е веќе целосен факт. Верувајте им на очите и откријте ги сите употребливи детали во елегантната внатрешност на новиот Superb. Возило, во кое дури и очилата, торбата за пазарење, чадорот и уморните нозе патуваат во прва класа.

Superb – исто толку елегантен колку и практичен.

Совршенство и потенцијал: две работи што новиот Superb го прават она што е – а за Вас она што може да биде. Од една страна се работи за тоа да се пронајде возило во кое ништо не недостасува. Од друга страна останува простор за Вашите индивидуални замисли. Имате високи барања и точно знаете што сакате? И тоа е исто така добра комбинација.

Сезаме отвори се.

Електричното затворање на задната врата може да се активира со едно копче на задната врата. Горната позиција на вратата може индивидиуално да се поставува. На пример, доколку просторот во гаражата е претесен. Отворањето функционира сосема едноставно на пр. со далечинскиот управувач на клучот или со копче во средишната конзола.

Не само комфорно туку и варијабилно.

Благодарение на варијабилниот под за товарење со алуминиумски шини и системот за прицврстување на товарот можете безбедно да го прицврстувате Вашиот товар. Задните седишта се делливи во сооднос 60:40 и може да се спуштаат и подигнуваат. Благодарение на помошниот отвор за транспорт во средишниот потпирач за рацете може да се сместуваат долги предмети, како на пример скии, а сепак во задниот дел да се превезуваат и патници.

И би светлина.

Во багажниот простор се наоѓа мобилно LED-светло, кое може да се користи надвор од возилото. Тоа автоматски се полни во држачот и додека моторот работи.

Како ја дефинирате слободата?

Електричниот панорама-лизагачки покрив овозможува како при затворена така и при отворена позиција впечатлив поглед кон небото. Стаклото е тонирано, така што светлината и топлината умерено навлегуваат во внатрешниот простор на возилото. Ова е слобода, која можете да си ја дозволите.