Дополнителна опрема за Yeti.
Клима уред '"Climatronic".
Climatronic располага со можност за поставување во две зони со електрично регулирање, филтер за мирис и автоматска циркулација на воздух. Со помош на сензорот за квалитет на воздухот, Climatronic го препознава квалитето на воздухот и доколку тој е лош, автоматски ја вклучува затворената циркулација на воздух.
Сребрен елоксиран кровен носач.
Делумно елоксираниот кровен носач со предни и задни црни елементи му даваат на Yeti спортски изглед.
Варијабилен под за товарење.
Варијабилниот под за товарење овозможува визуелна преграда на просторот за товарење. Освен тоа, го олеснува товарењето на возилото со повишеното тло. Но притоа не се создава површина за товарење поврзана со прагот. Подетални иформации можете да најдете кај Вашиот Škoda советник.
Радио Swing.
Музичкиот систем Swing е опремен со AM/FM радио со радио податочен систем RDS и системи за сообраќајна програм, дуална антена за извонреден прием, CD/MP3 пјелер со засилувач (4 x 20 W). Дисплејот ги прикажува и поставувањата на клима уредот Climatronic и на сензорите за паркирање.
Радио уред Bolero.
Музичкиот систем Bolero е опремен со AM/FM радио со радио податочен систем и системи за сообраќајна програма, дуална антена за извонреден прием, CD менувач со шест прегради и засилувач (4 x 20 W). Дисплејот ги прикажува и поставувањата на клима уредот Climatronic и на сензорите за паркирање. Освен тоа, тој нуди дисплеј со 6,5" екран на допир во боја, читач на картички за SD и MMC картички и многу друго.
Радио ЦД навигациски систем Amundsen.
Радио ЦД навигацискиот систем Amundsen може да се користи со помош на 5" дисплеј со екран на допир. Во обемот на испорака е вклучено и навигациско ЦД за алпскиот регион. Освен тоа, уредот нуди аудио приклучок за приклучување на iPod и слични уреди, читач на картички за SD картички и многу друго.
Радио ДВД навигација "Columbus".
Радио ДВД навигацискиот систем Columbus е висококвалитетен производ со низа интересни функции. Тој ртасполага со 6,5" дисплеј со екран на допир со висока резолуција, навигациско ДВД за западна Европа, интегриран читач на SD картички и многу друго. Хард дискот нуди 30 GB мемориски капацитет за навигациски податоци и музички датотеки во MP3 или WMA формат. Уредот овозможува и Offroad навигација, т.е. можете да меморирате рути вон дигитализираната патна мрежа, на пр. теренски патишта
Sound систем.
Sound системто располага со вкупно 12 звучници и Ви овозможува звук како во концертна сала.
Кожен управувач.
Кожниот управувач е достапен во спортска изведба со 3 краци. Кај оваа опција исто така достапни се и менувач со копче и рачка на рачна сопирачка во кожа.
Аларм
Со надзор на внатрешноста,сирена со дополнителен извор на енергија, сензор за накривување кои имаат важна улога во безбедноста на автомобил.
Систем за помош на движење на нагорнини (HHC Hill-Hold-Control).
Системот овозможува движење на падините без активирање на сопирачките. Притисокот на кочниците се задржува прибл. 1-2 секунди по активирање на сопирачките и постепено се намалува со движењето. Затоа, возачот може да ја отстрани ногата од сопирачката и да се свижи по нагорнини без рачна кочница.
Биксеноснки фарови.
Биксеноснките фарови не само што располагат со ксеноснко соборено и долго светло, туку се опремени и со динамично светло за кривини. Тоа овозможува подобро осветлување на кривината, а на тој начин и побрзо препознавње на опасните ситуации.
Уред за телефонирање без слушалка со bluetooth-функција
Универзалниот уред за телефонирање без слушалка на централната конзола, може да се нарача само заедно со радио или радио-навигациски систем:
- Кабли
- Микрофон во кровот
- Функција на звучникот преку сериските звучници
- Универзална конзола (без посебен држач за мобилен)
- Прикажување на телефонскиот именик на Maxi-DOT екранот
Систем за светла.
Системот за светла ги нуди следните функции:
- Дополнително светнување на фаровите при напуштање и затворање на возилото (Coming-Home функција),
- Осветлување при пристап до возилото (Leaving-Home функција) и
- Фарови, кои што за време на возењето автоматски се вклучуваат при стемнување (функција на светло за тунели).
Освен тоа, светлото автоматски се вклучува при поголеми брзини и при дожд.
Фелни од лесен метал.
Дел од понудата се фелни со димензија од 7,0J x 16" и 215/60 R16 гуми и 7,0J x 17" фелни со димензии на гуми 225/50 R17.
Дизајнот на фелните е отпимално адаптиран на надворешниот изглед на Yeti.
Maxi-DOT Екран.
Maxi-DOT екранот служи за прикажување на следните функции:
- предупредување за вратата, багажникот и просторот за моторот
- прикажување на интервалот за сервис
- положбата на раќката на автоматскиот менувач
- надворешна температура
- моментална потрошувачка
- просечна потрошувачка на гориво
- растојание
- помината делница на патот
- просечна брзина
- време на возење
- предупредување при прекорачувањето на брзината
- радио-приказ (кај оригиналните радио-апарати)
- пиктограми за навигациониот систем
- телефонски именик при приклучен мобилен
- статус на возилото
- точно време
- зимски гуми – летни гуми
- функции со светлосна помош (Coming- Leaving Home)
- ракување со греењето при мирување
- предупредување за гориво
- предупредување за масло и тн.
Електрична меморија на седишта.
Електричното возачко седиште со меморија ги нуди следните функции:
- Електрично поместување на седечката површина нагоре и надолу
- Електрично поместување на потпирачот на седиштето нанапред и наназад
- Електрично поместување на целото седиште нанапред и наназад
- Електрично поместување на потпирачот за рбетниот толб нагоре и надолу, како и нанапред и наназад
- 3 можности за меморирање за три различни возачи
- Можност за меморирање на позицијата на десниот надворешен ретровизор (при поставување на степен за возење наназад површината на ретровизортот автоматски се спушта надолу и на него може да се види работ на тротоарот. Со тоа се избегнува несакан контакт на фелните со работ на тротоарот односно се овозможува наоѓање на оптимална позиција за паркирање.
- Секоја од трите седечки позиции може да се кодира на клуч за далечинско управување, што значи дека возилото веднаш препознава кој сака да влезе во возилото. Соодветно на тоа, автоматски се местат седечката позиција и позицијата на ретровизорите.
Повеќефункциски управувач со три крака за радио и телефон
Повеќефункцискиот управувач за радио и телефон овозможува користење на најважните функции на радиото и телефонот. Заедно со DSG менувачот, тој дозволува менување на степените директно од управувачот.
Фарови за магла.
Во горниот дел на кружните фарови за магла е интегрирано и светлото за дневно возење. Дополнително може да се вгради и светло за кривини со мал радиус.
Електричен панорамски стаклен покрив.
Просторот за глава во Yeti сам по себе е голема, но со подбижниот електричен панорамски покрив со речиси 1,2 m² површина тој оптички се проширува во височина. Предниот дел на струја може да се движи, а електричните ролетни по желба ја затемнуваат внатрешноста одназад кон напред.
Помош при паркирање.
Вашиот Yeti самостојно паркира во паркирното место. Притиснете го копчето, одберете степен на возење назад и додавајте на гас и на кочница. Управувањето го превзема Yeti.
Уред за чистење на фаровите.
Уредот за чистење на фаровите се наоѓа во браникот под конкретниот фар и е лакиран во бојата на возилото.
SunSet.
Затемнетите задни и странични прозорци заштитуваат од директно сончево зрачење и од љубопитни погледи.