Без сомнеж – динамичен тип.
Фаровите навлегуваат длабоко во страничниот дел и го потенцираат динамичниот карактрер на предниот дел. Во кружните фарови за магла е интергрирано и светлото за дневно возење. Освен тоа, за Yeti достапни се биксеноснки фарови со динамично светло за кривини и фарови за магла со Corner-функција (светло за свртување).
Не е тешко да се биде забележлив.
И задните светла се повлечени странично над задниот дел. Кога се вклучени, може да се види традиципоналното C.
Поглед од друг агол.
Панорама лизгачкиот покрив од 1,2 квадратни метри со можност за електрично регулирање оптички го зголемува багажниот простор на Yeti до небото и Вам Ви дава чувство на слобода, кое што не може да се опише. Така, секое возење со Yeti претставува доживување.
Автомобилскиот дизајнер Карл Нојхолд беше одговорен за дизајнот на новиот Yeti. Во едно интервју, тој го отркива патот на Yeti од нацрт до возило.
Која идеја се крие зад мовиот Yeti?
Во 2005 година, Škoda го претстави концептот Yeti, практично возило за млади луѓе, кое што е конструирано врз платформата на Škoda Fabia. Со цел да се обезбеди и погон на четири тркала, новиот Yeti се надоградува на компонентите на A плтаформата (исто како и Octavia). Резултатот е уникатно спортско возило (SUV), кое што и покрај компактните димензии, овозможува одлична просторност, висока функционалност и извонредни возни перформанси, како на асфалтирани улици, така и на отворен терен.
Ако го споредите Yeti проектот со другите, што се издвојува како посебно, како фасцинантно?
Со новиот Yeti, Škoda изгради една комплетно нова, петта линија на модели. За нас дизајнерите, нема ништо пофасцинантно од тоа, да изградите автомобил почнувајќи од обична „бела харија “!
Што беше најтешкото? Новиот Yeti има многу дизајнерски елементи, кои што се уникатни. Со многу напор, чести дискусии во теххичките рунди и оттаму пронајдените решенија, целиот тим покажа одлични резултати при техничкиот развој и производството. Поради тоа, и радоста од резултатот е поголема!
Кои критериуми ќе постојат во иднина во однос на надворешниот дизајн?
Дизајнот на Škoda возилата и во иднина ќе се одликуа со јасни црти, правоаголност, висока функционалност, со детали и решенија створени од љубов кон квалитетот. Тоа се вредностите, кои што клиентите ги ценат кај нашите автомобили и кои што придонесоа за големиот досегашен успех на Škoda, а кои и во иднина ќе го прават истото!
Кои се, според Вашето мислење, предностите на новиот Yeti?
Новиот Yeti се истакнува со неговиот карактер и оригиналност: тој има симпатично лице со маркантни кружни фарови, силуета на теренско возило со високи куќишта на тркалата, силни кровни шини и уникатна графика на прозорците, како и јасен, силен заден дел со ефект на енормна ширина. Ентериерот се одликува со висок квалитет и прецизна иработка, нуди најдобра прегледност кон сите страни и извонредна варијабилност на внатрешниот простор, кој што секое патување прави да биде задоволство. Освен тоа: новиот панорама лизгачки покрив е апсолутен хит!
Што чувствувате кога ќе видите Yeti на улица?
Од пред неколку недели, низ улиците веќе кружат првите тест возила на новиот Yeti. Неговите одлични пропорции, тркалата со добра амортизација и неговиот целкупен маркантен карактер прават Yeti да изгледа лесен, користен и агилен. Едноставно претставува задоволство да се види и доживее новиот Yeti, а уште поголемо задоволство, тој да се вози!