Комфор, кој што се подразбира.
Yeti одлично ги исполнува стандардите за комфор. Покрај неговата изненадувачка просторност и варијабилност и пријатните возни карактеристики, тој нуди низа комфорни иновации. И истовремено, тој останува едноставен за користење: сите контролни елементи се сместени таму, каде што Вие инстинктивно ќе очекувате тие да бидат. На тој начин, ќе ја задржите концентрацијата возејќи се со Вашиот Yeti.
Транспарентност.
SunSet – затемнетите задни и странични прозорци заштитуваат од директо сончево зрачење и од љубопитни погледи.
Тој е едно многу кул момче.
Climatronic – двозонски клима уред со електрично регулирање, фитер за мирис и автоматска циркулафција на воздух. Со помош на сензорот за квалитет на воздухот, Climatronic го препознава квалитетот на воздухот, и доколку тој е лош, автоматски ја вклучува затворената циркулација на воздух.
Систем на седишта, кој што ќе Ви ги исполни сите желби.
Без разлика дали сакате да пренесете нешто лесно, да патувате комфорно или да натоварите голем товар, со системот на седишта VarioFlex ќе бидете секогаш флексибилни. Седиштата можат да се спуштат во размер 40:20:40, средишното седиште може да се демонтира и да се помести 8 cm настрана, а секој потпирач може индивидуалнпо да се накоси за максимум 13,5 степени. И во надолжен правец, надворешните седишта можат да се поместат за 15 cm. Благодарение на брскрајните можности за комбинирање и седиштата што лесно се демонтираат, Yeti е подготвен за сите предизвици.
Маса на склопување.
Масата на склопување на потпирачот на задното средишно седиште нуди простор за пијалаци и комфорно потпирање.
Кај овој Bolero ништо не е непознато.
Музичкиот систем Bolero е опремен со AM/FM радио со радио податочен систем и системи за сообраќајно радио, дуална антена за извонреден прием, CD менувач со шест прегради и засилувач (4 x 20 W). На дисплејот се прикажуваат и поставувањата на клима уредот Climatronic и сензорите за паркирање. Освен тоа, тој нуди дисплеј со 6,5" екран на допир, читач на картички за SD и MMC картички и многу друго.