Да се живее одговорноста.
За заштитата на животната околина кај Škoda се пишува наголемо – и тоа во сите фази на развојот и производството на едно возило преку користењето до подоцнежното рециклирање. Škoda следи долгорочна стратегија, која е насочена кон одржливост и задржување на нашиот животен простор.
Teхнички развој
Оптимирањето на потрошувачката и намалувањето на емисијата на штетни гасови на моделите на Škoda се резултат на големите инвестиции во истражувањето и развојот. Притоа се употребуваат најмодерните технологии како виртуелното инжињерство. Фокусот на вниманието лежи на подобрена аеродинамичност, оптимирани техники на согорување и намалување на тежината. Моторите на Škoda јасно ги исполнуваат актуелните законски спецификации за штетни материи и прописите за издувни гасови. Во фокусот на интензивните дискусии на тема животна околина стојат GreenLine моделите на Škoda со ниска емисија на штетни издувни гасови и мала потрошувачка.
Производство што ги штеди ресурсите
Сите модели на Škoda се произведуваат со користење на иновативни технологии на модерни производствени линии. Употребата на материјали штедливи во однос на ресурсите и енергетски ефикасните производствени процеси се важни фактори. Така на пример при лакирањето за заштита од корозија и подоцнежното лакирање се употребуваат исклучиво безоловни лакови одн. лакови растворливи во вода. Иако бројот на произведени возила помеѓу 1991 и 2008 трипати е зголемен, не можеше да се забележи зголемување на еколошкото загадување. Напротив: издувните гасови и потрошувачката на вода во овој временски период се намалени.
Рециклирање
Кај сите составни делови на возилата Škoda употребува претежно материјали што се рециклираат. Деловите вградени во возилото имаат соодветни ознаки, кои по демонтирањето овозможуваат брза идентификација и одвојување. Најмалку 85 % од тежината на модел на Škoda може да се рециклира и повторно да се употреби на пример за гранулати, мебел или производи од стакло.